Бизнис

ЛОШИ СИГНАЛИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕД БОЖИК, Германците се воздржуваат од трошење

Германците се исплашени поради постојаната криза и општата неизвесност и ги отвораат своите паричници најмалку од глобалната финансиска криза. Според новото издание на барометарот за потрошувачко расположение на институтите за истражување на пазарот во Нирнберг GfK и NIM,  германските граѓани се повеќе се „посветени“ кон штедење и се воздржуваат од трошење.

Прогнозите на GfK и NIM  се однесуваат на намалување на индексот на потрошувачко расположение за јануари за уште 3,5 поени, на минус 26,5. Во исто време, индексот на штедење скокна на 18,7 во декември, што е највисока вредност за повеќе од 15 години, објави ДПА.

„Ова не се позитивни сигнали за економијата во пресрет на Божиќ... а расположението на потрошувачите, исто така, најавува лош почеток на претстојната година“, рече експертот на NIM, Ролф Биркл.

GfK и NIM ги анкетираат граѓаните секој месец за да пресметаат индекс што го покажува степенот на подготвеност за трошење, односно за штедење.

Друга насока на редовно истражување е прогнозата на испитаниците за сопствениот приход во следните 12 месеци.

Во декември, индикаторот за тие очекувања потона трет месец по ред, сега на минус 6,9 поени. Аналитичарите го припишуваат ова на стравот од инфлација, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано