Општество
Прославата на 80-годишнината на МНТ со „Сонцето, колку е блиску сонцето“
22.12.2025
Македонскиот народен театар денеска ќе одржи конференција за медиуми по повод одбележувањето 80 години од своето постоење и најава на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски.
Средбата со медиумите ќе се одржи со почеток во 11 часот во фоајето на Македонскиот народен театар, каде ќе биде претставен концептот на настанот, чија премиера е закажана за 29 декември на големата сцена на МНТ. Како што се наведува во соопштението на МНТ, претставата ќе понуди аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност, при што ќе бидат презентирани и уметничката визија и идејата зад проектот.
Сценскиот спектакл, според МНТ, ги обединува минатото и сегашноста на театарот преку клучните вредности како љубовта кон театарот, уметничката храброст, посветеноста, визијата, тимската работа, негувањето на традицијата и создавањето нови вредности за иднината.
Во проектот учествуваат ансамблот на Македонскиот народен театар, оперски уметници, како и студенти по актерска игра и актери од Факултетот за драмски уметности и од „Еуропа Прима“. Претставата комбинира повеќе изразни средства со посебен акцент на 3Д-видеомапингот, што, како што наведуваат од театарот, создава силно визуелно и емотивно сценско доживување.
Извор/фото МИА