Финансии / Банкарство
Недела на блок трансакции на Македонската берза – СО 4 ТРАНСАКЦИИ ИСТРГУВАНИ СКОРО 4 МИЛИОНИ ЕВРА
22.12.2025г
Неделен извештај за тргување период 15.12.2025 до 19.12.2025г
Минатава неделанаМакедонската берза (15.12.2025 – 19.12.2025г) тргувањето помина во „знакот“ на блок трансакциите. Имено, се реализираше една блок трансакција во износ од 1,87 милиони евра со акциите на Македонијатурист Скопје преку која се истргуваа вкупно 11 070 акции. Во втора блок трансакција се истргуваа вкупно 2 303 акции на Комерцијална банка за 1,06 милиони евра. Со трета блок трансакција се истргуваа вкупно 224 000 акции на компанијата Карпош Скопје за 1,01 милиони евра. Со последната блок трансакција за 34,4 илјади евра се истргуваа вкупно 1 300 акции на Гранит Скопје. Според ова минатата недела во 4 блок трансакции се истргуваа скоро 4 милиони евра.

Во однос на редовното тргување беше остварен вкупен промет од 68,1 милиони денари илиоколу 1,1милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 328 трансакциипреку кои се истргуваа вкупно 13 571 акции и 1 707 обврзници.
Најтргувани според прометот беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид и НЛБ Банка АД Скопје.Со нивното тргување беше остварен промет од 30,4 милиони денари, 14,9 милиони денари и 6,3 милиони денари соодветно.
Во однос на цената, најголемо зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на АЛТА банка АД Битолаод 2,83 %, Макстил Скопје 2,34 % и на Реплек Скопје од 0,93 %.
Намалување пак на вредноста изминатата недела бележиме кај акциите на Гранит Скопје, Комерцијална банка Скопје и Алкалоид Скопје. Цената на нивните акции се намали за 4,38 %, 1,15 % и 0,83 %, соодветно.