Бизнис

Неформална група на египетски работници во Србија со реакција за условите за работа

Случајот со египетските работници ангажирани во Србија преку посреднички агенции претставува сериозен пример за системско кршење на работничките и човековите права, што директно ги загрозува домашните работници и општеството како целина, објавија денеска од  неформалната група „Египетски работници во Србија“

„Од работниците беа земени бланко меници, кои не служат како правна гаранција, туку како средство за принуда и потчинување. Нивната цел е работниците да не можат да се бунат, организираат или да ги бараат своите права, бидејќи им се закануваат долгови, судски постапки и егзистенцијално уништување на нивните семејства во Египет. Овој механизам овозможува дампинг на цените на трудот, екстремно ниски плати и целосна контрола врз работниците“, наведуваат тие во соопштението.

Додадоа дека во пракса, таков систем им овозможува на работодавачите во Србија да избегнуваат даноци и придонеси, бидејќи работниците често се платени претежно во готово, спротивно на законот.

Тие изјавија дека некои работници од Египет штрајкувале и барале подобри услови за работа, по што работодавачот ги отпишал од социјалното осигурување, а потоа полицијата, по налог на работодавачот и без никаква реална можност работниците да ги бранат своите права или да ја докажат фактичката состојба, им ги откажала визите и покренала постапка за депортација, пренесува Данас.


 

 Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано