Економија
ММФ за Албанија: Економијата зајакнува но „фискалниот мир“ ја загрозува фискалната одржливост
24.12.2025
Меѓународниот монетарен фонд го објави извештај за Албанија, во кој се наведува дека земјата продолжува да бележи силен економски раст, но оценува дека „фискалниот мир" го поткопува напредокот во даночната администрација.
Економскиот раст главно е поттикнат од туризмот и приватната потрошувачка, при што се очекува реалниот БДП да порасне за 3,5% во 2025 година и 3,6% во 2026 година.
Според ММФ инфлацијата останува ниска, јавниот долг се намалува, а девизните резерви остануваат силни, создавајќи солидна основа за владини реформи и целта за членство во ЕУ до 2030 година.
„Сепак, Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека таканаречениот договор за „фискален мир“ би можел да го поткопа претходниот напредок во даночната администрација и усогласеноста, загрозувајќи ја фискалната одржливост во услови на демографски предизвици и зголемување на јавната потрошувачка, објави Топ чанел.
ММФ, исто така, ја нагласува важноста на структурните реформи во човечкиот капитал, пазарот на трудот и управувањето за одржување на макроекономската стабилност и промовирање на конвергенција со стандардите на ЕУ.
Фото Економија и бизнис