Lifestyle
ПУШТЕН НАЈДОЛГИОТ ПАТЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ
26.12.2025
Тунелот Тјаншан Шангли, кој со должина од 22,13 километри е најдолгиот патен тунел во светот, денеска беше отворен за сообраќај.
Тунелот е изграден низ централниот дел од планинскиот масив Тјаншан во автономниот регион Синџијанг во северозападна Кина, и со негово пуштање се скратува повеќечасовното патување низ планините на само дваесет минути возење.
Како клучен дел од автопатот G0711 на рутата Урумчи-Џули, тунелот претставува важна сообраќајна врска помеѓу урбаните области на северен и јужен Синџијанг.
Планините Тјаншан, кои се протегаат околу 2.500 километри низ центарот на регионот, природно ги одделуваат Урумчи, најголемиот град на север, и Корла, најголемиот град на југ. Благодарение на новиот автопат, времето на патување помеѓу овие два града е намалено од околу седум часа на приближно три часа, што придонесува за посилна економска поврзаност на регионот и отвора нови можности за надворешна размена.
Автопатот се градел пет години, има вкупна должина од 324,7 километри, а вредноста на инвестицијата била 46,7 милијарди јуани, или околу 6,63 милијарди американски долари, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис