Бизнис
Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
30.12.2025
Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Ниолоски минатата недела информираше дека обезбедени се 21 милион евра од ЕБРД со кои ќе бидат набавени најмалку пет нови електрични локомотиви, со цел модернизирање на Македонски Железници и опслужување на карго превозот.
МЖ имаа нула активни локомотиви, а сега има 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе може целокупниот карго превоз да се покрие.
Фото Економија и бизнис