Економија
Што да се очекува од средбата на светските лидери во Давос?
31.12.2025
Годинашниот самит на Светскиот економски форум (СЕФ) ќе се одржи од 19 до 23 јануари 2026 година во Давос, Швајцарија. Самитот се одржува под името „Духот на дијалогот“, а неговото одржување е во време на зголемени геополитички тензии, забавување на растот во одредени делови од светот и забрзани технолошки превирања на економиите. Поради тоа организаторите најавуваат разговори насочени кон „ресетирање“ на довербата и барање заеднички решенија.
Годинава се очекуваат до 3.000 бизнис лидери од околу 130 земји, вклучувајќи околу 60 шефови на држави и влади, заедно со високи претставници на меѓународни организации, претставници на граѓанското општество и академската заедница, како и лидери на големи компании.
Освен американскиот претседател Доналд Трамп, од СЕФ објавија и дека се очекува присуство на лидерите на најразвиените земји од Г7 во светот, потоа на Г20 и БРИКС.
Организаторите на самитот наведуваат дека програмата на Давос 2026 е фокусирана на пет главни прашања кои грубо треба да ги одредат дискусиите и форматот на состанокот на политичките и бизнис лидерите.
Првото е како да се соработува во сè повеќе „спорен“ и поделен свет - со променливи сојузи и растечка недоверба меѓу државите.
Потоа, учесниците ќе се осврнат на прашањата како да се отклучат нови извори на раст, со притисоци врз продуктивноста и промени во глобалната трговија и финансии.
Една од темите е како одговорно да се применат иновациите, со фокус на вештачката интелигенција, квантното пресметување и „граничните“ технологии, но и на тоа кој има пристап до тие алатки.
Клучниот предизвик ќе биде како да се применат овие технологии на одговорен начин, со соодветно управување со ризици, но и како да се обезбедат инвестиции и инфраструктура неопходни за енергетската транзиција и дигиталната трансформација. Учесниците ќе дискутираат за тоа како да се изгради просперитет во рамките на планетарните граници - здружувајќи ја економијата, енергетската транзиција и отпорноста на климатските и ресурсите, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис