Економија

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите.

Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. 

- Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри коишто ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите. Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група, а со тоа и да го намалиме Џини коефициентот којшто подразбира нееднаква распределба на доходите кај различни групи на граѓани. Морам да признам дека во таа насока добро се движиме, рече Мицкоски.

Во однос на Џиниевиот коефициент, Мицкоски рече дека сме најдобри во регионот и над европскиот просек, а борбата против сиромаштијата, посочи, дека е една од главните цели на Владата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано