Lifestyle

Кои жители се најголемите песимисти во светот?

Австријците се меѓу најголемите песимисти во светот, покажа социолошко истражување спроведено од институтот „Галуп Интернационал“ на крајот на годината.

Меѓу 60-те истражени земји, попесимисти за иднината од Австријците се само луѓето во Бугарија и во Босна и Херцеговина.

Институтот анкетирал околу 1.000 лица во секоја земја. На прашањето дали 2026 година ќе биде подобра, полоша или иста како 2025 година, 15 проценти од анкетираните во Австрија одговориле „подобра“, 41 процент „полоша“ и 39 проценти „иста“. Минатата година луѓето во Австрија биле уште понегативно расположени – тогаш 50 проценти од одговорите биле „полоша“.

Ист резултат како Австрија од минус 26 поени оваа година имаат и Гана и Белгија, додека Босна и Херцеговина е малку пониско на листата со минус 28 поени. Луѓето во Бугарија се уште попесимистички расположени со минус 36 поени, покажа истражувањето.

Со најголема надеж за иднината се Кенијците со плус 67 поени. На второ место е Сирија со плус 61 поен. Исто така, многу позитивно расположени се луѓето во Саудиска Арабија (плус 58 поени), Колумбија (плус 45 поени) и Индија (плус 44 поени).

На светско ниво, 37 проценти од анкетираните веруваат дека 2026 година ќе биде подобра од 2025, соопшти институтот, 25 проценти очекуваат влошување, а 31 процент не се надеваат на големи промени.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано