Бизнис
ОД 1 ЈАНУАРИ, МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА Е 550 ЕВРА
02.01.2026
Од денес, минималната плата во Србија изнесува 371 динар по работен час без даноци и придонеси, односно 64.554 динари за месец со 174 работни часа.
Со одлуката на Економскиот и социјален совет е утврдено нивото на минималната цена на трудот за 2025 година во износ од 308 динари нето по работен час.
Таа цена требаше да важи до крајот на минатата година, но на 15 јули е донесена одлука за вонредно зголемување на минималната цена на трудот од 1 октомври на износ од 337 динари на час.
Фото Економија и бизнис