Бизнис

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Бранко Азески: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

АКО НЕМА КОМПРОМИС И ЕДИНСТВО, НЕМА РАЗВОЈ

Идентично како и претходните, и оваа година ја завршуваме со предвидувања, со желби и со надеж за подобро утре. Две илјади дваесет и шеста година да донесе конечно позитивни предизвици во економијата како основа на опстанокот на секоја држава, и покрај реалноста во која живееме, глобална општа неизвесност која трае и трае... Ние во Комората знаеме само едно, дека сме домот на бизнисот каде што се креираат сите иницијативи, ставови, пораки, за клучните проблеми со кои секојдневно се соочуваат компаниите, без оглед дали се тоа системски, дали се дилеми и предизвици како до поголем извоз, како до кадар за потребите на компаниите, како до поголема регионална соработка како чекор напред кон приклучувањето на европското семејство каде што природно припаѓа државава според бизнис-ориентацијата. Сето тоа е можно и во актуелните неизвесни услови, но само доколку се креира амбиент за раст на БДП над 4 до 6 проценти последователно неколку години за да се види прогресот на државава. А тоа, пак, изискува многу промени, стратегиски одлуки, обединување по клучните прашања во интерес на опстанокот на државава, кој почива на економски прогрес. ЗАКЛУЧОКОТ Е ЈАСЕН: АКО НЕМА КОМПРОМИС И ЕДИНСТВО, НЕМА РАЗВОЈ. ДА СМЕ ЖИВИ, ЗДРАВИ И ПАМЕТНИ, ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ НАС, ДА ПРЕЗЕМЕМЕ ЧЕКОРИ ЗА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ.

ПРЕПОРАЧАНО