Општество
ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Петра Дрекслер: Очекувања за 2026 година
Што очекувате од 2026г.
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2025г.
Наша централна обврска останува да го браниме и да го штитиме она што нѐ поврзува: нашата безбедност, нашата слобода и европскиот мировен поредок
Од крајот на Студената војна политичката состојба во светот не била толку напната, обележана од кризи и со предизвици како пред оваа Нова година. Наша централна обврска останува да го браниме и да го штитиме она што нѐ поврзува: нашата безбедност, нашата слобода и европскиот мировен поредок. Тука припаѓа и обезбедувањето на стабилност и соработка на Западен Балкан. Тука припаѓа и одењето напред во проширувањето на ЕУ. Германија ќе продолжи да се залага за тоа и во 2026 година. Суштински составен дел на овој пат е доверливото партнерство со Северна Македонија, зајакнато преку реформи затоа што европското ветување за безбедност, за стабилност и за благосостојба за сите нас може да опстане само ако заедно инвестираме во солидарноста, во кохерентноста и во отпорноста на Европа.