Бизнис

ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТНИЦИТЕ ОД ИНДИЈА ЗАРАБОТУВААТ НАЈМНОГУ, ПОВЕЌЕ И ОД ГЕРМАНЦИТЕ!

Во Германија, индиските работници заработуваат најмногу пари. Според новата студија на Германскиот економски институт, бруто просечната плата за индиските работници во 2024 година изнесувала 5.393 евра месечно, по што следат Австријците со 5.322 евра, Американците со 5.307 евра и Ирците со 5.233 евра.

Германските работници имаат просечна бруто плата од 4.177 евра, додека странските вработени заработуваат просечно 3.204 евра месечно.

Институтот вели дека причината за високите приходи на Индијците е тоа што тие често работат во академски професии во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката.

Околу една третина од работниците со полно работно време во Индија на возраст меѓу 25 и 44 години се вработени во овие сектори.

Помеѓу 2012 и 2024 година, нивниот број се зголемил речиси девет пати, на повеќе од 32.800, пренесува агенцијата ДПА.

Според студијата, ова се должи на ненадејното зголемување на бројот на индиски студенти во Германија. Многумина успешно ги завршиле студиите, а потоа останале во Германија и дале придонес во истражувањата, пишуваат авторите на студијата, пренесува Б92.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО