Економија

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ГЛОБИТЕ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра. 

- Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис - кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат. Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки, изјави премиерот Христијан Мицкоски, при денешното пуштање во употреба на градинка во Сопиште. 


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано