Економија
АЛБАНЦИТЕ ЖИВЕАТ ВО ПРЕНАСЕЛЕНИ СТАНОВИ
05.01.2026
Пренатрупаноста во становите останува еден од најсериозните социјални проблеми во Албанија.
Во најновиот извештај на Евростат се истакнува дека 57,1 отсто од албанските граѓани живеат во пренатрупани станови, што ја рангира земјата на второ место во Европа, по Црна Гора, по големите тешкотии во условите за домување и животниот стандард, објавија медиумите во Албанија.
Според официјалната дефиниција, еден стан се смета за пренаселен кога не го исполнува минималниот број соби потребни за составот на едно семејство.
Овој минимум вклучува една соба по пар, една соба за секое лице над 18 години или една соба за секои две деца од ист пол на возраст меѓу 12 и 17 години.
Феноменот на пренатрупаност на станови не е ограничен само на Албанија. На европско ниво, податоците покажуваат дека во 2024 година, околу 16,9 отсто од населението на Европската Унија живеело во пренатрупани станови.
Во извештајот се наведува дека ситуацијата останува загрижувачка во неколку земји од ЕУ. Повеќе од 30 отсто од населението во пет земји-членки живее во услови на пренатрупаност.
Експертите предупредуваат дека пренатрупаноста на домовите има директни последици врз здравјето, благосостојбата и социјалниот развој на поединците, особено на децата, што го прави ова сериозен социјален и економски проблем кој бара зголемено институционално внимание.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис