Економија
ОПЕК+ ПОСТИГНА ВАЖЕН ДОГОВОР ЗА ГЛОБАЛНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА НАФТА
05.01.2026
Земјите од ОПЕК+ денес постигнаа договор за одржување на стабилно производство на нафта и покрај тензиите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, како и по случувањата во Венецуела.
Средбата на осумте членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман, кои произведуваат околу половина од светската нафта, се одржа по падот на цените од повеќе од 18 проценти во текот на 2025 година, што е најголем пад од 2020 година, поради загриженост за прекумерна понуда на пазарот, јавуваат медиумите во светот.
Земјите од ОПЕК+ ги зголемија своите цели за производство на нафта за околу 2,9 милиони барели дневно помеѓу април и декември 2025 година, што претставува речиси три проценти од глобалната побарувачка за нафта.
Во ноември, тие одлучија да го суспендираат понатамошното зголемување на производството во текот на јануари, февруари и март.
Еден делегат на организацијата изјави дека прашањето за Венецуела не било дискутирано за време на краткиот онлајн состанок.
Следниот состанок на ОПЕК+ е закажан за 1 февруари, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис