Финансии / Банкарство

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Тони Стојановски: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

Продолжуваме да ја јакнеме нашата улога во општеството

Целокупниот макроекономски пејзаж на земјава во 2026 година треба да остане во зоната на стабилност, со зајакнат потенцијал за нови инвестиции, за претприемништво и за раст. Во тој контекст треба да очекуваме натамошно забрзување на растот на БДП на земјава и стабилизирање на инфлацијата. Притоа клучна улога во економскиот раст треба да имаат инвестициите во инфраструктурата, следени од инвестициите во при­ватниот сектор. НЛБ Банка ќе го продолжи своето патување кон остварување на својата амбициозна „Стратегија 2030“ која има цел да ја трансформира организацијата во целосно дигитална банка. Ќе продолжиме да воведуваме иновативни банкарски решенија кои ги следат потребите на клиентите во дигиталниот свет, унапредувајќи го севкупното клиентско искуство и правејќи го банкарството подостапно, поудобно и побезбедно. Истовремено, посветени сме на јакнење на нашите клиенти, поддржувајќи ги да ги постигнат своите финансиски цели и да остварат успех. Преку поддршка на финансиската инклузија и поттикнување на иновациите низ целиот сек­тор, продолжуваме да ја јакнеме нашата улога во општеството. Но, пред сè, сите заедно, како чинители на ова општество, треба искрено и цврсто да си посакаме многу здравје и поголема верба во себе и во нашата иднина.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано