Финансии / Банкарство
БУГАРИТЕ СЕ СО НАЈНИСКА ГОДИШНА ПЕНЗИЈА ВО ЕУ, во најголемите европски економии се малку над европскиот просек
06.01.2026
Според податоците на Статистичката служба на Европската Унија (Евростат), во 2023 година просечната бруто годишна пензија во ЕУ изнесувала 17.321 евра, односно 1.443 евра месечно, а во рамките на земјите-членки годишните пензии варирале помеѓу 4.479 евра во Бугарија и 34.413 евра во Луксембург.
Mеѓу 34-те европски земји, просечните годишни пензии се движат од 3.377 евра во Турција до дури 38.031 евра во Исланд, што значи дека највисоката просечна пензија во Европа е повеќе од 10 пати повисока од најниската.
Малку над европскиот просек се четирите најголеми економии на ЕУ, меѓу кои Италија има најголеми пензии, по што следат Шпанија, Франција и Германија. Заедничко за овие три земји е што сите имаат големи државно финансирани пензиски системи и многу поскромни професионални системи што покриваат само одредени сектори или работодавачи.
Четири нордиски земји, од кои Исланд не е во ЕУ, исто така имаат пензии над европскиот просек. Просечната годишна пензија е највисока во Данска - 30.543 евра, а најниска во Шведска - 22.674 евра.
Земјите од поранешниот Источен блок имаат генерално пониски просечни износи на пензии, но поголеми привилегии им се даваат на пензионерите, како што се бесплатна здравствена заштита, превоз и субвенционирано домување, што го зголемува нивото на социјална заштита.
Во Европската Унија, пензиите претставуваат, во просек, околу три петтини од заработката што некој ја добивал непосредно пред пензионирањето. Во повеќето европски земји, според податоците од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), просечниот приход на лицата над 65 години е помал од просечниот приход на целото население, пренесува НИН.
Фото Економија и бизнис