Финансии / Банкарство

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Фатих Шахбаз: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

Халкбанк останува модерна, сигурна и насочена кон иновации, одржливост и вистинско партнерство со економијата

Во 2026 година верувам дека ќе продолжиме да гледаме стабилен и здрав раст како во Халкбанк и во банкарскиот сектор така и во економијата во целина. За нас тоа значи да продолжиме да се развиваме со уште поголем фокус на иновации, на дигитални услуги и на одржливи финансиски решенија. Нашата цел е јасна, да останеме банка во која клиентите чувствуваат сигурност, која нуди современи производи и која им стои на располагање, без разлика дали се граѓани, мали бизниси или големи компании. Ќе продолжиме силно да инвестираме во дигиталната трансформација бидејќи токму таа ја дефинира иднината на банкарството. Очекувам 2026 година да биде година во која ќе донесеме уште поинтегрирани, автоматизирани и персонализирани услуги, секогаш со највисоко ниво на безбедност, за да им го направиме секојдневието на корисниците поедноставно и поудобно. Притоа ќе ја зголемиме и дигиталната финансиска писменост. Секако, глобалниот контекст ќе остане комплексен, со геополитички тензии, промени во каматните циклуси и енергетски предизвици. Но, токму во такви околности особено значат стабилноста, внимателното управување со ризици и силната поддршка која ја имаме од Халкбанк Турција. Тоа ни дава дополнителна сила и сигурност за да продолжиме да ги исполнуваме нашите стратешки цели. И во 2026 година, Халкбанк ќе продолжи да ја гради својата улога како банка што создава долгорочна вредност преку зелени финансии, поддршка на претприемачите и програми што носат конкретни придобивки за заедницата и го подобруваат квалитетот на живот.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано