Економија

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Зоран Ставрески: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

Растот ќе се потпира првенствено на домашните инвестиции и на потрошувачката

Две илјади дваесет и шеста година ќе биде слична на 2025 година. На глобално ниво ќе продолжат предизвиците поврзани со војната во Украина, нарушувањата во трговските и во снабдувачките текови, како и инфлацијата која, поради очекуваното олабавување на монетарната политика во САД и во Европа, ќе остане значително над посакуваната цел од 2 %. Во Македонија очекувам натамошен силен економски раст од околу 4,0 % со што земјава повторно ќе биде меѓу најбрзорастечките економии во Европа. Поради слабата надворешна побарувачка и предизвиците со извозот, растот ќе се потпира првенствено на домашните инвестиции и на потрошувачката. Клучен придонес се очекува од големите инфраструктурни проекти (патна и железничка мрежа), од стотиците општински капитални инвестиции, како и од одржувањето на солидна приватна и на јавна потрошувачка. Во тој дел, главен предизвик останува капацитетот на администрацијата за реализација на проектите. За да се отклучи уште посилен домашен инвестициски циклус од приватниот сектор, неопходни се следниве услови: намалување на политичките тензии, поефикасна борба против сивата економија и суштинска реформа на правосудниот систем.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано