Економија
Тарифите на Трамп го намалија трговскиот дефицит на САД кој е најнизок на месечна основа од 2009 година
08.01.2026
Трговскиот дефицит на САД изнесуваше 29,4 милијарди долари во октомври минатата година, што е најниско ниво од средината на 2009 година, објави денес Министерството за трговија на САД.
Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави се намали за 39 проценти на месечна основа благодарение на растот на извозот за 2,6 проценти и намалувањето на увозот за 3,2 проценти, објавува CNBC.
Податоците ги одразуваат ефектите од тарифите што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе во април 2025 година.
Економистите претходно предупредуваа дека тарифите би можеле да предизвикаат контрамерки и да ја забават глобалната трговија, но најновите податоци укажуваат на силна побарувачка за американски производи.
На годишна основа, трговскиот дефицит на САД од јануари до октомври е сè уште поголем за 7,7 проценти во споредба со истиот период во 2024 година, но темпото на неговиот раст е значително забавување.
Продуктивноста во Соединетите Американски Држави порасна со годишна стапка од 4,9 проценти, додека трошоците за работна сила се намалија за 1,9 проценти, што укажува дека пазарот на трудот во моментов не генерира дополнителни инфлаторни притисоци.
Аналитичарите истакнуваат дека растот на продуктивноста овозможува забрзување на економскиот раст на САД без зголемување на инфлацијата, и покрај послабата вработеност, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис