Финансии / Банкарство
Трамп: Америка ќе инвестира 200 милијарди долари во хипотекарни обврзници
09.01.2026
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи дека ѝ наредува на американската федерална влада да купи хипотекарни обврзници во вредност од 200 милијарди долари.
Овој потег, за кој Трамп рече дека ќе помогне во намалувањето на каматните стапки за хипотеки, доаѓа во време кога Американците се загрижени за цените на домувањето, објавува АП.
Трамп рече дека двете државни хипотекарни компании, имаат 200 милијарди долари во готово што ќе се користат за купувања.
„Ова ќе ги намали каматните стапки за хипотеки, месечните рати и ќе ги направи трошоците за поседување дом попристапни“, објави Трамп на социјалните мрежи, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис