Финансии / Банкарство

ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Марија Томеска: Очекувања за 2026 година

Што очекувате од 2026г.

Годината ќе ја одбележи уште посилно усвојување дигитални решенија што ги зголемуваат ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на услугите

Во 2026 година очекувам геополитичките тензии и натаму да имаат главно влијание врз глобалните економски текови. Фрагментираните трговски блокови и стратешкиот натпревар меѓу најголемите светски економии, и покрај ризиците, ќе придонесат за поголема интеграција и мобилизација на Европа. Фокусот кон енергетска независност, обнова на одбранбените капацитети и новите технологии ќе ја зајакнат идната стратешка позиција на континентот. И покрај негативните демографски фактори, очекувам стабилизација на индустриската активност и поголема производствена независност на Европа. На глобално ниво очекувам значајно подобрување на продуктивноста преку поголема интеграција на вештачката интелигенција во секојдневните процеси. Во бизнис-секторот, годината ќе ја одбележи уште посилно усвојување дигитални решенија што ги зголемуваат ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на услугите. Компаниите што го ставаат клиентот во фокус преку подобро искуство и иновативни производи ќе бидат клучен фактор во напредокот на секој сектор, вклучително и осигурителниот. Во осигурителниот сектор очекувам позитивни трендови поддржани од засилени контроли и воведување технологии како „безбеден град“, што ќе поттикнат повеќе регистрирани возила и побезбедно возење. Паралелно ќе се соочуваме со зголемени трошоци поради недостиг на работна сила и имплементација на нови регулативи како ИФРС 17.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано