Бизнис

Значителен раст на цените на становите и кириите во ЕУ, Унгарија е рекордер

Пазарот на недвижности во Европската Унија забележа значителен раст во третиот квартал од 2025 година, при што цените на становите се зголемија за 5,5 проценти, додека кириите се зголемија за 3,1 процент во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците на Евростат, трендот на зголемување на цените продолжи на квартално ниво, па така недвижностите се поскапи за 1,6 проценти од вториот квартал од 2025 година, а кириите се поскапи за 0,9 проценти.

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во Европската Унија се зголемија за дури 63,6 проценти во просек, додека киријата се зголеми за 21,1 процент.

Додека кириите постојано растат и без поголеми потреси во текот на изминатата деценија, цените на становите флуктуираат, бидејќи периодите на стагнација се менуваат со периоди на исклучително брз раст.

Унгарија се издвојува како апсолутен рекордер по зголемување на цените, бидејќи цените на становите во таа земја се зголемија за дури 275 проценти од 2015 година.

Покрај Унгарија, цените се зголемија повеќе од двојно во 11 други земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде што е забележано зголемување од повеќе од 150 проценти.

Исклучок на картата на Европа е Финска, која е единствената земја каде што цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, односно се намалија за помалку од два проценти.

Во споменатиот период, зголемување на кириите е забележано во сите членки на Европската Унија, а ситуацијата е најтешка и во Унгарија, каде што кириите се зголемија повеќе од двојно, односно скокнаа за 107 проценти.

Висок пораст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде што станарите се соочија со зголемување на цените од над 70 проценти, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано