Бизнис
АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СОЗДАВА ПОМАЛКУ РАБОТИ МЕСТА ОД ОЧЕКУВАЊАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
09.01.2026
Во декември американската економија успеа да додаде само 50.000 работни места, а оваа бројка е под очекувањата (од 70.000), што е најнов знак дека пазарот на трудот се лади по периодот на силен раст.
Сепак, стапката на невработеност неочекувано падна на 4,4 проценти од 4,6 проценти во ноември.
Најновите податоци даваат најсеопфатна слика за пазарот на трудот во САД во последните месеци. Податоците за ноември беа ревидирани на 56.000 од првичните процени од 64.000 работни места.
Објавените податоци дополнително го докажуваат влошувањето на пазарот на трудот, на кој влијаеше намалувањето на бројот на вработени во федералната влада и забавувањето на вработувањето во приватниот сектор, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис