Венецуела располага со резерви на нафта од над 300 милијарди барели, околу 17 проценти од светските резерви. Наспроти големите природни ресурси производството на домашните рафинерии на нафта падна на помалку од милион барели дневно. Аналитичарите проценуваат дека до 2040 година ќе бидат потребни повеќе од 180 милијарди долари инвестиции за да се зголеми производството на три милиони барели дневно.
Но, за американските нафтени компании, во услови на глобална презаситеност на пазарот и пад на цените, ова претставува дополнителна причина за претпазливост.
За американскиот претседател Доналд Трамп пристапот до овие резерви е стратешки клучен за САД. Во исто време, тој се надева дека поголемото производство ќе ги намали цените на горивата, што е едно од неговите клучни политички ветувања.
Американскиот претседател Доналд Трамп собра во Белата куќа повеќе од 20 лидери на најголемите нафтени компании за да ги убеди да инвестираат во Венецуела, но на состанокот била изразена голема воздржаност од претставниците на нафтената индустријата.
Внимателноста е дополнително под влијание на историските искуства во експлоатацијата на нафтата во Венецуела. Во текот на 2000-тите, за време на мандатот на Уго Чавез, венецуелската држава ги национализираше средствата на неколку меѓународни енергетски компании, што некои од нив ги чинеше милијарди долари загуби, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис