Бизнис

ЗА 10 ЈАЈЦА ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ 25 МИНУТИ, ЗА КИЛОГРАМ СИРЕЊЕ ДВА ЧАСА... колку вреди просечната плата во Србија

Просечната нето плата во Србија е 86.695 динари (740 евра), но кога таа сума ќе се претвори во работни часови и ќе се спореди со цените на основните производи, се добива појасна слика за просечниот животент стандард на граѓаните. Со просек од 160 работни часови месечно, еден час од трудот на просечниот работник вреди околу 542 динари.

Така, српскиот граѓанин за да може да купи пакување тоалетна хартија од 10 ролни, кое чини од 450 до дури 1000 динари, треба да работи најмалку цел час.

Пакувањето од шест лименки пиво, по цена од 600 динари, работникот  треба да посвети околу еден час и 7 минути работа, од своето работно време.  

Новинарите на К1 направиле „ценовник“ за тоа колку време работа треба да се издвои и за другите основни производи:

- пакување од 10 јајца , кое чини 230 динари, потребни се бара околу 25 минути работа.

- леб (500 г - 80 динари) → околу 9 минути работа

- млеко (1 л - 130 динари) → 14 минути работа

- јогурт (1 л - 150 динари) → речиси 17 минути работа

- килограм пилешко месо (750 динари) → еден час и 40 минути работа

- килограм сирење (900 динари) → речиси два часа работа

- литар масло за готвење (200 динари) → околу 22 минути работа

- килограм шеќер (90 динари) → 10 минути работа, објави К1.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано