Економија

ТРАМП ВОВЕДУВА НОВИ ЦАРИНИ ОД 25 ОТСТО, НА УДАР СЕ ТРИ ЗЕМЈИ

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека секоја земја што соработува со Иран ќе се соочи со царина од 25 проценти за трговијата со САД, бидејќи Вашингтон разгледува одговор на ситуацијата во Иран, каде што се одржуваат најголемите антивладини протести во последните години.

„Веднаш стапува на сила секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 проценти за сите деловни активности со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на платформата Truth Social.

Царинските давачки ги плаќаат американските увозници на стоки од тие земји. Иран е под строги санкции на Вашингтон со години.

„Оваа одлука е конечна и неотповиклива“, рече Трамп, без да образложува.

Меѓу главните дестинации на иранскиот извоз се Кина, Обединетите Арапски Емирати и Индија, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано