Вести
ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КАТАСТАРСКИ УСЛУГИ ВО НОВО СЕЛО
13.01.2026
Во општина Ново Село од денеска функционира подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во која повеќе од 10 000 жители на оваа општина и околните населени места ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба како досега од патување до Струмица.
- Ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги, рече директорот на АКН Иван Живковски откако со градоначалникот на Општина Ново Село ја отворија новата канцеларија.
Прес-службата на АКН информира дека отворањето на канцеларијата е уште еден значаен и конкретен чекор кон унапредување на достапноста и квалитетот на катастарските услуги.
Извор/фото МИА