Економија
СРБИЈА ДО 2027 ГОДИНА ЈА ПРЕЗЕМА ПОЗИЦИЈАТА НА НАЈГОЛЕМА ЕКОНОМИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА, проекции на ИФИМЕС
13.01.2026
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) од Љубљана денес објави проекции според кои Србија ќе ја преземе позицијата на најголема економија во Југоисточна Европа до 2027 година, надминувајќи ги Хрватска и Словенија.
Во истражувањето насловено како „Србија 2026: Економски пробив во ерата на растечки глобални и регионални предизвици“, институтот ИФИМЕС наведува дека се очекува Србија да ја стигне Хрватска во однос на номиналниот БДП оваа година, а во 2027 година да ја преземе позицијата на најголема економија во Југоисточна Европа.
Според нив, се предвидува дека до 2030 година, Србија дополнително ќе ја зголеми својата предност во однос на Хрватска и значително ќе ја надмине Словенија во однос на вкупната големина на економијата, консолидирајќи го својот статус како централен економски столб на Западен Балкан.
Авторите на истражувањето предупредуваат дека одржливоста на оваа позиција ќе зависи од способноста на Србија да го преведе економскиот раст во инклузивен и долгорочен одржлив развој, со континуиран фокус на макроекономската стабилност, енергетската безбедност и институционалната отпорност.
ИФИМЕС се повикува на проекциите на ММФ, според кои реалниот раст на БДП во Србија за 2026 година се проценува помеѓу три и четири проценти, со инфлација помеѓу 3,2 и 4,0 проценти, додека стапката на невработеност останува стабилна во опсег од 8,4 до 8,8 проценти, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис