Финансии / Банкарство
КРИЗАТА ЗА ДОМУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ШИРИ НА СРЕДНАТА КЛАСА, зголемен број на судски спорови околу издавањето на становите и висината на кириите
13.01.2026
Германците сè повеќе ги тужат сопствениците на недвижности поради повисоки кирии. Споровите меѓу закупците и сопствениците на недвижности околу зголемените кирии учествуваа со околу 21,8 проценти од судските случаи минатата година, објавиja од здружението на закупци. Во 2024 година, нивниот удел изнесуваше 17,4 проценти.
Зголемените спорови се првенствено резултат на сè потесниот однос помеѓу понудата и побарувачката на пазарот за изнајмување. Повеќето спорови беа поднесени минатата година поради прекршување на договорните услови и несогласување меѓу закупците и сопствениците на недвижности, како што се чувањето домашни миленици и поправките. На второ место е зголемувањето на киријата, чиј удел во споровите постојано расте.
Кириите во некои големи градови се зголемија со двоцифрени стапки и сè помалку закупци можат да си дозволат да живеат во такви услови, предупреди претседателката на здружението, Мелани Вебер-Мориц.
Покрај планираните владини реформи, Вебер-Мориц предлага и ограничување на киријата, чие надминување би значело казна и можност за поднесување тужби за „лихварство при издавање станбен простор“ со цел да се заштитат закупците.
„Кризата со домувањето во меѓувреме се прошири и на средната класа“, предупредуваат тие, нагласувајќи дека трошоците за домување сега претставуваат товар за секое трето домаќинство.
Расте и уделот на споровите за „режиски трошоци“, кои, според здружението, сочинуваат околу 16,4 проценти од судските постапки меѓу закупците и сопствениците на недвижности. Во 2024 година, нивниот удел бил 15,6 проценти, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис