Бизнис
Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење на станови
14.01.2026
Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење (110 )по што следуваат Полошкиот (55) , Вардарскиот (36), Југозападниот (29).Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (68,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба.
Предвидена е изградба на 761 стан, од кои 427 во Скопскиот Регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот Регион.
За нискоградба се изадени 34 одбренија, а за објекти за реконструкција 62.
За 162 објекта (53,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46,7 проценти) објекта деловни субјекти.
- Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан, со вкупна корисна површина од 67.767 квадратни метри - наведува Државниот завод за статистика.
Фото Економија и бизнис