Економија
Потребна ера на „европски патриотизам“ за заштита на економските интереси, изјави германскиот министер за финансии
14.01.2026
Германскиот министер за финансии Ларс Клингбаил денес изјави дека е потребна ера на „европски патриотизам“ за заштита на економските интереси.
Клингбаил предложи компаниите што добиваат државна помош да имаат обврска да ги задржат своите работни места во Европа и на европските производи да им се даде приоритет во јавните набавки.
Според Ларс Клингбаил, Европа мора фундаментално да го промени својот пристап, поради распаѓањето на традиционалните сојузи и фактот дека трговијата сè повеќе станува оружје.
- Ни треба европски патриотизам. Ова значи дека за време на јавните инвестиции користиме стоки произведени во Европа, рече Клингбаил.
Клингбаил оцени дека трговијата сè повеќе станува оружје, поради субвенциите, царинските давачки и извозните контроли, што врши притисок врз извозно ориентираната германска економија.
Тој изјави дека стратегијата треба да се базира на зајакнување на европското единство, диверзификација на трговските партнери и заштита на европските пазари од нелојална конкуренција, пренесува НИН.
Фото Економија и бизнис