Бизнис

ВИСОК РАСТ НА ГЛОБАЛНАТА ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО 2025 ГОДИНА

Глобалната продажба на електрични возила  во 2025 година се зголеми за 20 проценти на 20,7 милиони, според извештајот од лондонската агенција Benchmark Mineral Intelligence (BMI).

Само во декември, 2,1 милиони електрични возила се продадени во сегментот на патнички и лесни комерцијални возила.

Во Европа, пазарот на електрични возила забележа најголем раст меѓу големите региони, со продадени 4,3 милиони единици, што е за 33 проценти повеќе отколку во 2024 година.

Растот беше стимулиран од поволни субвенции и олеснување на целите на ЕУ за емисии на јаглерод диоксид за 2025-2027 година, додека во Германија и Велика Британија продажбата се зголеми за 48 проценти и 27 проценти, соодветно.

Во Северна Америка, пазарот на електрични возила забележа намалување од четири проценти на годишно ниво, поради откажувањето на даночните олеснувања и протекционистичките мерки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кон крајот на годината, САД забележаа рекордна продажба во август и септември, но пазарот во четвртиот квартал од 2025 година падна за 49 проценти во споредба со претходниот квартал.

Канада забележа пад од 41 процент, додека Мексико регистрираше зголемување од 29 проценти благодарение на увозот на кинески електрични возила.

Кина забележа раст од 17 проценти во 2025 година.

За 2026 година, се очекува европскиот пазар да продолжи да расте за 14 проценти, додека американскиот пазар веројатно ќе ослабне за 29 проценти поради ограничените стимулации, пренесува РТВ.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано