Бизнис

КРИЗАТА ВО ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА ОТПУШТИ 100.000 РАБОТНИЦИ

Фабриките кои со децении беа столбот на европската автомобилска индустрија сега се соочуваат со постојани бранови отпуштања и неизвесна иднина. Најтешко се погодени добавувачите на автоделови.

За само две години, овој сектор изгуби повеќе од 100.000 работни места, а негативниот тренд, според проценките, продолжува. Како што пишува „Фајненшл тајмс“, европските добавувачи најавија 50.000 отпуштања во 2025 година, откако во 2024 година веќе беа изгубени 54.000 работни места.

Бројот на најавените отпуштања во последните две години е поголем отколку за време на пандемијата во 2020 и 2021 година, кога беа регистрирани вкупно околу 53.700 отпуштања поради пад на побарувачката. Иако пазарот на автомобили делумно се опорави, продажбата на возила никогаш не се врати на нивоата пред пандемијата.

Дополнителен проблем за европските добавувачи е преминот кон електрични возила. Токму во овој сегмент, кој треба да носи раст во иднина, европските компании имаат ограничен удел, додека кинеските производители сè поагресивно го освојуваат европскиот пазар нудејќи технички напредни, но значително поевтини возила.

Кризата ги погодува и најголемите играчи во индустријата. Најголемиот светски добавувач на автоделови, најави намалување на 13.000 работни места до 2030 година, откако призна годишна загуба од 2,5 милијарди евра, пренесува Курир.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано