Бизнис

СЛОВЕНЦИТЕ СЕ „НАВЛЕКОА“ НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ, висок годишен раст на новорегистрирани возила

Минатата година, во Словенија за прв пат беа регистрирани 57.557 патнички автомобили, што е за 8,56 проценти повеќе во однос на претходната година. Од нив, 16.295 беа електрифицирани, што е за 64,9 проценти повеќе во однос на претходната година.

За прв пат беа регистрирани 6387 целосно електрични возила, во споредба со 3148 во 2024 година. Нивниот удел меѓу сите први регистрации достигна 11,1 процент минатата година, додека претходната година беше 5,9 проценти.

Бројот на први регистрации на патнички автомобили со хибриден погон се зголеми за 20,5 проценти во однос на претходната година, односно на 3.897 возила.

За споредба, во Хрватска моментално се регистрирани повеќе од 10.000 електрични возила, што е сепак значително помалку отколку во поразвиените европски земји. Стимулациите за купување електрични возила во Хрватска се сметаат за доста дарежливи и можат да изнесуваат до 40 проценти од вредноста на возилото, односно максимум девет илјади евра по возило.

Една од главните причини за послабата побарувачка за електрични автомобили е недостатокот на инфраструктура за полнење. Во Хрватска има просечно 59 пумпи за е-автомобили на 100.000 жители, што е сериозна пречка за многу потенцијални купувачи.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано