Lifestyle

ВО БРИТАНСКИТЕ МАРКЕТИ КУПУВАЧИТЕ ЧЕСТО „ПОТКРАДНУВААТ“ НА КАСИТЕ ЗА САМОПОСЛУЖУВАЊЕ, еден од осум купувачи кликнал на поевтината опција

Во Велика Британија повеќе од шест милиони луѓе ги злоупотребуваат касите за самопослужување во супермаркетите за да платат помалку за некои артикли или воопшто да не платат. Според студијата на Ипсос,  тоа создава огромни загуби во супермаркетите.

Појавата на касите за самопослужување низ целиот свет требаше да го олесни и забрза плаќањето во продавниците, но се случи нешто неочекувано.

При изборот на артикли на екранот, еден од осум купувачи кликнал на поевтината опција иако тоа не бил артиклот што всушност го купувале. Ова обично се случува при купување овошје или зеленчук каде што потрошувачите намерно ја избираат поевтината опција на екранот, објави Дејли меил.

Во текстот се наведува се наведува дека кражбите во продавници се искачиле на рекордно ниво. За една година се регистрирани 443.995, што е околу 50 кражби дневно.

Според некои проценки, ова предизвикува штета од 1,8 милијарди фунти годишно, а продавниците мора да издвојат дополнителни 700 милиони за да воведат безбедносни мерки.

Многумина го обвинуваат воведувањето на самопослужните каси за зголемување на кражбите.

Бројот на самопослужни каси во Велика Британија се зголемил од 53.000 на 80.000, а во САД почнале да се враќаат на стандардните каси. Се чини, дека некои британски синџири супермаркети ќе го сторат истото, пренесува Курир.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано