Бизнис

СЛОВЕНИЈА ВОВЕДУВА НОВ МОДЕЛ НА ВРАБОТУВАЊЕ 80/90/100

Словенија е првата земја во регионот што воведе можност работодавачите и вработените да се договорат за ангажирање на скратено работно време. Примената на таканаречениот систем 80/90/100 е од 1 јануари 2026 година и се однесува на работници постари од 58 години или оние кои имаат наполнето 35 години пензиски стаж.

Сега им се дава можност да работат 80 проценти од работното време, за што добиваат 90 проценти од платата и 100 проценти од платените придонеси. Старосната граница за користење на оваа мерка постепено ќе се зголемува за три месеци од 2028 година, достигнувајќи 60 години во 2035 година.

Според словенечките медиуми, целта на измените на законот е да се охрабрат работодавачите да им дозволат на работниците да работат со скратено работно време и да им се олесни прилагодувањето на деловните обврски според возраста.

Оваа мерка нема да се применува автоматски, туку е прашање на договор меѓу работниците и работодавачите, односно флексибилна во согласност со потребите на работодавачите и работниците.

Вработените на кои може да се примени ќе можат, да изберат слободен ден неделно или да го намалат работното време во текот на работната недела.

Мерката е исто така реакција на законодавецот на сè понеповолната слика на населението и сè постарата работна сила.

Системот 80/90/100 е исто така олеснување за постарите работници да останат на работа подолго, што треба да има позитивен ефект врз нивната материјална благосостојба и врз јавните финансии и целиот систем на социјално осигурување на Словенија.

Оваа мерка е дел од поширока реформа на пазарот на трудот, а нејзината цел е да ги задржи искусните работници во работен однос и да ја подобри рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот.

- работникот работи 80% од работата со полно работно време,

- прима 90% од редовната плата,

- додека придонесите за пензиско и здравствено осигурување се плаќаат во целост - како да работат со полно работно време.

Моделот „80-90-100“ може да го користат:

- работници над 58 години,

- или работници кои имаат најмалку 35 години работен стаж.

Организација на флексибилно работно време Работниците кои го користат овој модел можат да изберат различни форми на намалена работа, на пример:

- слободен ден во текот на неделата,

- продолжен викенд,

- или рамномерно пократко работно време секој работен ден.

Оваа флексибилност е особено важна во занимањата со физички напорни работни места, каде што долготрајната работа често води до здравствени проблеми и чести боледувања.

Словенечката влада ги наведува следниве главни причини за воведување на оваа мерка:

- стареењето на работната сила,

- зголемениот недостиг на квалификувани работници,

- потребата од зачувување на знаењето и искуството на постарите вработени,

- намалување на боледувањата,

- зголемување на вкупната продуктивност.

Иако моделот подразбира повисоки придонеси, проценките покажуваат дека овие трошоци ќе бидат исплатени на долг рок преку подоцнежно пензионирање и намален притисок врз пензискиот систем, информираат медиумите во регионот.


 Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано