Финансии / Банкарство
ММФ: СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОКАЖУВА ОТПОРНОСТ НАСПРОТИ ТРГОВСКИТЕ ШОКОВИ, но постојат повеќе ризици
16.01.2026
Светската економија продолжува да покажува отпорност на трговските шокови и расте „прилично силно“, изјави во четврток директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, објавувајќи ги најновите економски прогнози.
ММФ би можел да ги подобри прогнозите, како што направи Светската банка, посочи Георгиева.
Оваа недела, Светската банка ја зголеми својата проценка за растот на глобалната економска активност оваа година за 0,2 процентни поени, на 2,6 проценти. Тие малку ја подобрија проценката за следната година, за 0,1 процентен поен, на 2,7 проценти.
Во октомври, ММФ ја зголеми својата проценка за растот на светската економија во 2025 година од три на 3,2 проценти, со образложение дека влијанието на американските тарифи е поблаго отколку што првично се стравуваше. Тие ја потврдија прогнозата за 2026 година, според која активноста треба да се зголеми за 3,1 процент.
На прашањето што ќе покажат јануарските прогнози по подобрувањето во октомври, Георгиева одговори дека светската економија е „невероjaтно“ отпорна и дека трговскиот шок не го загрозил растот.
Резултатите во моментов се доста добри, но постојат повеќе ризици што би можеле да го забават растот, со фокус на геополитичките тензии и ненадејните технолошки промени, рече шефицата на ММФ.
Работите би можеле да се одвиваат добро, но глобалната економија би можела да се соочи и со значителни финансиски тешкотии ако огромните ресурси инвестирани во вештачка интелигенција не резултираат со ветеното подобрување на продуктивноста, објасни таа.
Фото Економија и бизнис