Lifestyle

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ИТАЛИЈАНСКА ПИЦА ВРЕДИ 15 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, правењето пица останува доминантна машка професија

Oколу 15 милијарди евра изнесува прометот во индустријата за пици во Италија, во кои учествуваат повеќе од 50.000 пицерии, а вработува околу 300.000 луѓе. Повеќе од осум милиони пици се печат секој ден во Италија, според резултатите на Социо-економската опсерваторија за неаполска пица во Рим објавени по повод Светскиот ден на пицата, кој се слави на 17 јануари.

Во овој угостителски сектор има регионални разлики во цената на неаполската пица маргарита, чија просечната цена на национално ниво е 7,04 евра, додека во Неапол е 6,74 евра.

На југот на Италија, просечната цена е 6,72 евра, во централните региони е 7,46 евра, а на северот е 7,66 евра.

Покрај рекордниот раст на цените на состојките, особено моцарелата и маслиновото масло, цената на пицата маргарита се зголемила само минимално во последната година, што го потврдува нејзиниот статус како „демократски“ производ достапен за широк спектар на потрошувачи.

Во најновите истражувања се анализирана и родовата застапеност во оваа дејност, така што има силно присуство на жени во сопствеништвото (38,5 проценти) и во менаџментот (50,5 проценти), професијата пицајола (мајстор за пица) е речиси исклучок со само два проценти жени вклучени во процесот на правење пица, пренесува Еуроњуз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано