Бизнис
КИНА КОНТРОЛИРА 60 ОТСТО ОД ПОНУДАТА НА БАТЕРИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, следните години се очекуваат промени на глобалниот пазар
18.01.2026
Kинеските компании сега контролираат приближно 60 проценти од светскиот капацитет за производство на батерии за електрични автомобили. Оваа доминација е особено евидентна во неодамнешните инвестициски трендови во металите за батерии што ја одразуваат стратешката позиционираност на Кина, покажуваат анализите на пазарот во производството на е-автомобили.
Традиционалните лидери во индустријата за батерии, Јужна Кореја и Јапонија, доживуваат значителен пад на пазарниот удел, бидејќи кинеските производители го прошируваат своето глобално присуство.
Продолжувањето на растечкиот тренд на побарувачката за батерии го потврдија и од Меѓународната асоцијација за енергија, која наведува дека растот ќе достигне повеќе од 3 TWh во 2030 година.
Побарувачката за батерии, исто така, ќе стане географски поразновидна. Се очекува пазарите во развој и економиите во развој, со исклучок на Кина, да го удвојат својот удел во побарувачката на батерии за електрични возила, од речиси пет проценти во 2024 година на десет проценти во 2030 година.
Се предвидува дека уделот на глобалната побарувачка во Европската Унија и другите развиени економии, како што се Обединетото Кралство, Канада, Јапонија и Јужна Кореја, исто така ќе расте, додека уделот на Соединетите Американски Држави се предвидува да се намали од околу 13 проценти во 2024 година на помалку од десет проценти до 2030 година.
Во меѓувреме, се предвидува дека уделот на Кина во глобалната побарувачка за батерии ќе се намали од 60 проценти на нешто помалку од 50 проценти до 2030 година, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис