Интервјуа
ИНТЕРВЈУ: Мариа Петреска: МАКЕДОНСКИОТ СОЛАРЕН ПАЗАР РАСТЕ СТАБИЛНО
Интервју со Мариа Петреска, сениор маркетинг менаџер, Европа, GoodWe
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2025г.
Со силно присуство во повеќе од 100 земји, GoodWe продолжува да ја зајакнува својата позиција како глобален лидер за паметни енергетски решенија, комбинирајќи соларна енергија, складирање и технологии за управување со енергија. Во Југоисточна Европа, компанијата активно ја проширува својата активност, поддржува локални партнери и ја промовира употребата на одржливи енергетски системи. Разговаравме со Мариа Петреска, сениор маркетинг менаџер за Југоисточна Европа (вклучувајќи го и пазарот на Северна Македонија), за да дознаеме повеќе за визијата на GoodWe за регионот, за посветеноста на пазарот и за најновите иницијативи како кешбек кампањата за инсталатори и растечките можности во C&I-складирање на енергија.
Г-ѓо Петреска, можете ли да ни кажете за присуството и за активностите на GoodWe во регионот на Балканот, особено во Северна Македонија?
М. Петреска: GoodWe започнува со силно присуство во Северна Македонија преку нашите локални партнери и инсталатори. Нашата стратегија е да ја поттикнеме имплементацијата на соларни системи и складирање на енергија кај домаќинства и комерцијални објекти, обезбедувајќи техничка поддршка, обуки и маркетинг--материјали за нашите партнери.
Како ја оценувате моменталната еволуција на македонскиот соларен пазар и потенцијалот за наредниве години?
М. Петреска: Македонскиот соларен пазар расте стабилно. Постојат големи можности за C&I-сегментот, како и за домаќинствата, особено со интегрирани решенија за складирање на енергија. Со правилна поддршка, преку стимули и зголемено и значајно присуство на пазарот очекуваме значителен раст во наредниве 3 до 5 години.
GoodWe силно се фокусира на технологии за складирање. Кои C&I-решенија се промовираат во регионов?
М. Петреска: Во Северна Македонија промовираме ET G2, ET 100k, Lynx C&I системи кои се скалабилни и овозможуваат ефикасно управување со енергија за комерцијални и за индустриски објекти.
Колку е важен C&I-сегментот за стратегијата на GoodWe во Југоисточна Европа и на Балканот?
М. Петреска: C&I-сегментот е клучен за GoodWe. Нуди енергетска независност, брз поврат на инвестициите за бизнисите и помага во локалниот енергетски транзит.
Недавно лансиравте кешбек кампања за инсталатори во Европа. Можете ли да ни дадете детали?
М. Петреска: Кампањата е од 1 октомври до 31 декември 2025 година и е наменета да ги награди инсталаторите, да ја зголеми нивната ангажираност со GoodWe-решенија и да поддржи продажба на нашите системи.

Како инсталаторите од Северна Македонија и од Балканот можат да имаат корист од оваа кешбек програма?
М. Петреска: Инсталаторите едноставно учествуваат при инсталација на GoodWe-системи и добиваат финансиски стимул. Програмата е лесна за користење и обезбедува додадена вредност за локалните партнери. За повеќе детали посетете ја нашата веб-страница: <https://emea.goodwe.com/>.
Каква поддршка обезбедува GoodWe за партнерите и за инсталаторите во регионот?
М. Петреска: Обезбедуваме обуки, вебинари, маркетинг-материјали и подароци, дигитални платформи како SEMS, HEMS и други, како и техничка поддршка и продолжување на гаранции. Моментално наш партнер во Северна Македонија е компанијата Феро Инвест од каде што може да се набават сите наши производи и преку која ја нудиме нашата поддршка за сите заинтересирани инсталатори.
Кои производи или технологии ќе играат клучна улога во обликување на обновливата енергетика во Северна Македонија и на Балканот во следните години?
М. Петреска: Хибридните инвертери, системите за складирање на енергија, полначите за електрични возила и дигиталните решенија ќе бидат клучни за енергетската транзиција и за намалување на зависноста од фосилни горива.
Како GoodWe се позиционира како долгорочен технолошки партнер во енергетската транзиција на Балканот?
М. Петреска: GoodWe нуди сигурност, иновации и посветеност на локалните пазари. Ние сме долгогодишен партнер кој инвестира во локални обуки, во техничка поддршка и во развој на производи и постоиме веќе 15 години на пазарот низ цела Европа.
Кои се главните цели и приоритети на GoodWe за 2026 година за регионов?
М. Петреска: Главни цели се зајакнување на партнерства, зголемување на присуството на индустриски и на резиденцијални системи, проширување на кампањите за кешбек, промоција на нови производи како ESA, BAT 60/112 kWh и Lynx C 100 kWh, како и поттикнување на одржлива енергетска транзиција во Македонија и во целиот регион. Исто така мора да напоменам дека од оваа 2025 година имаме и сопствено портфолио на топлински пумпи со нашиот бренд именуван GOODHEAT. За повеќе информации за топлинските пумпи посетете ја веб-страницата на GOODHEAT − <https://www.goodheatglobal.com/>.
За GoodWe
Основана во 2010 година, GoodWe е водечка компанија за инвертери и за паметни енергетски решенија. До 2025 година, GoodWe има акумулирано инсталации од над 100 GW во повеќе од 100 земји. Компанијата нуди широк спектар на производи и на решенија за резиденцијални, комерцијални и индустриски, и за сектори од голем обем за снабдување на голем број корисници (utility-scale), обезбедувајќи ефикасност, безбедност и долгорочна вредност.
GoodWe практикува еколошка и социјална одговорност во текот на целиот животен век на своите производи, редовно напредувајќи и известувајќи за своите EСГ-цели преку годишни извештаи и независни сертификати. Компанијата има околу 7 000 вработени во светот, од кои над 1 000 се посветени на истражување и на развој.
GoodWe е именувана како Global Tier1 Power Inverter Manufacturer од Bloomberg NEF за вториот и за третиот квартал на 2025 година и како Tier 1 PV Inverter Supplier од S&P Global.
За повеќе информации посетете ја: <https://emea.goodwe.com/>.
За продажба контактирајте го менаџерот за продажба за Балканот (вклучително и Северна Македонија): Џорџ Сотириу (George Sotiriou), е-пошта: george.sotiriou@goodwe.com.
Разговараше: Ќирко Бошкоски