Бизнис
НА ХРВАТСКА И НЕДОСТАСУВААТ ПЕТ ИЛЈАДИ КАМИОНЏИИ
27.01.2026
На Хрватска ѝ недостасуваат речиси пет илјади професионални возачи на камиони. Овој проблем ја засега не само Хрватска, туку и целата Европска Унија, каде недостасуваат повеќе од 240 илјади професионални возачи.
Хрватската стопанска комора предупредува на последиците врз економијата, а стручните училишта бараат систематски решенија.
Хрватската стопанска комора предупредува дека проблемот со недостатокот на возачи ги засега сите гранки на економијата.
– Цената на превозот влијае на сè. За да се изврши превоз од точка А до точка Б, возачот мора да биде платен за тоа. За да се плати возачот, тоа има цена, сè е причина и последица, истакнува Ведран Бествина, виш стручен соработник во Хрватската стопанска комора Осиек.
Хрватска не може да биде во чекор со платите во ЕУ, кои достигнуваат и до 4 илјади евра, но има добар број работодавци кои пронашле некои мали механизми за да ги задржат овие возачи во Хрватска, појаснува Бествина, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис