Бизнис

Чептер 4 Македонија: Вистинската информација создава размислување и акција

Комуникацијата има вредност само тогаш кога создава влијание, вели Стојчевски од Чептер 4 Македонија, нагласувајќи дека улогата на комуникацискиот менаџмент е информацијата да ја претвори во активност – размислување, реакција или конкретна акција.

Компанијата повеќе од 14 години развива интегриран модел кој ги поврзува односите со јавноста, креирањето содржини, маркетингот и продукцијата. Според Стојчевски, комуникацијата е заедничката нишка која ги обединува сите овие области, а европските стандарди ги донесуваат преку мрежата Chapter 4 Европа.

Како официјален претставник на глобалната агенција Burson, Чептер 4 Македонија комбинира локално познавање со меѓународна експертиза. Живковиќ истакнува дека ова партнерство овозможува реализација на комуникациски стратегии и кампањи со регионален и глобален опсег.

Во следниот период, компанијата ќе се фокусира на стратешко позиционирање на клиентите, развој на дигитални, видео и фотосодржини и на проактивно управување со кризна комуникација.


Целото интервју со тимот на Чептер 4 Македонија прочитајте го на ЛИНКОТ

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано