Финансии / Банкарство
ВИСОК РАСТ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ФРАНК ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА
29.01.2026
Вредноста на швајцарскиот франк годинава се зголеми за 3,5% во однос на американскиот долар, а растот е поттикнат од непредвидливата трговска политика на САД, прашањата за независноста на Федералните резерви и заканата од воена интервенција на САД во Гренланд, Латинска Америка и Блискиот Исток. Ова е највисока вредност на швајцарската валута која зајакна за 12,7% во однос на американскиот долар во 2025 година.
„Понатамошната ескалација, геополитички, значи поголема неизвесност“, изјави претседателот на Швајцарската национална банка, Мартин Шлегел.
„Тоа не е добро ниту за швајцарскиот франк ниту за Швајцарија, бидејќи швајцарскиот франк е безбедно засолниште. Секогаш кога има неизвесност во светот, швајцарскиот франк расте, а тоа ја прави монетарната политика покомплицирана за Швајцарската национална банка.“
За разлика од регионалните сили, Швајцарија се бори со бавен раст на цените, а зајакнувањето на франкот би можело дополнително да го зајакне дезинфлаторниот притисок врз извозно ориентираната економија на земјата.
Швајцарскиот франк останува силен делумно затоа што побарувачката за многу швајцарски извозни производи е релативно нееластична според цените на одделни производи. Во клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, прецизното производство и услугите со висока вредност, апресијацијата на валутата малку ја намалува странската побарувачка, ослабувајќи го механизмот што инаку би го стабилизирал девизниот курс, наведуваат економистите.
Со стапката на инфлација во земјата од само 0,1% и клучната каматна стапка на Швајцарската национална банка од 0%, Швајцарија се ниша на работ на дезинфлација и територија на негативни каматни стапки, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис