Бизнис
„Ски Надја“ ќе стопанисува со ски лифтовите на Пониква во наредните 10 години
30.01.2026г
Фирмата ДООЕЛ „Ски Надја“ од денеска ги презема на стопанисување ски лифтовите на Пониква. Ова е епилогот од повторениот јавен повик за избор на најповолен понудувач што го распиша Општина Кочани.
„Ски Надја“, како оператор ќе стопанисува со ски лифтовите на зимско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини во наредните 10 години.
-Се обврзуваме дека ќе работиме професионално, одговорно и посветено на унапредување, одржување и развој на целокупниот скијачки центар Пониква, се наведува во соопштението на избраниот оператор