Бизнис

ВО ДАНСКА ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ НА 70 ГОДИНИ!

Данска одлучи дека нејзините граѓани ќе можат да се пензионираат на 70 години, додека работниците во другите земји од ЕУ сè уште можат да се пензионираат на 60 години. Но во повеќе европски земји постепено ќе се зголемува возрасната граница за пензионирање.

Секој роден по 31 декември 1970 година ќе може да се пензионира само на 70 години. Данска е рекордер со оваа возраст за пензионирање.

Возраста за пензионирање во Германија постепено ќе се зголемува на 67 години до 2031 година. Само неколку групи ќе можат да се пензионираат пред 67 години.

Во некои земји, постојат разлики во возраста за пензионирање помеѓу мажите и жените: во некои земји, жените можат да се пензионираат уште на 60 години, пренесува Инвеститор.ме.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано