Економија

ЌЕ СЕ ОБНОВУВА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ВРСКА СОФИЈА-СОЛУН, Бугарија, Романија и Грција го зајакнуваат транспортниот железнички коридор Букурешт-Софија-Солун

Бугарија, Романија и Грција заеднички ќе побараат средства од Европската Унија за модернизација на железничката линија Букурешт-Софија-Солун, објави денес министерот за транспорт на Бугарија Гроздан Караџов по состанокот на претставниците на трите земји и Европската комисија во Софија.

Караџов претседаваше со првиот работен состанок на комисијата за коридорот Црно Море-Егеј.

„По десетгодишна пауза, почнувајќи од следната година повторно воспоставуваме редовна железничка врска помеѓу Софија и Солун. Последниот воз на таа линија сообраќаше во 2017 година“, рече Караџов, како што објави бугарската агенција БТА.

Тој рече дека највисок приоритет за Бугарија е и изградбата на третиот мост преку Дунав, меѓу Бугарија и Романија во близина на градовите Русе и Ѓурѓе, паралелен со веќе постоечкиот мост.

Целта, според него, е да се продолжи со конкретни работи од фазата на планирање со јасно дефинирани чекори. Во исто време, постоечкиот мост Русе-Ѓурѓе ќе биде модернизиран до крајот на јуни, а ќе биде завршен и техничкиот проект за електрификација на 11-километарскиот дел од железничката рута што поминува преку тој мост.

Караџов процени дека целосно електрифицираниот железнички сообраќај меѓу Бугарија и Романија ќе ги намали трошоците за транспорт на стоки меѓу двете земји до 30 проценти, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано