Бизнис
Цените на нафтата растат од почетокот на годината
02.02.2026
Цените на нафтата пораснаа минатата недела петти пат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа за шест месеци, главно поради тензиите меѓу САД и Иран.
Цената на барел на лондонскиот пазар се зголеми за 7,3 проценти минатата недела, на 70,69 долари, додека на американскиот пазар барелот се зголеми за 6,8 проценти, на 65,21 долари.
Иран минатата година произведуваше околу 3,3 милиони барели нафта дневно, што претставува околу три проценти од глобалното производство.
Главно поради геополитичките тензии, цените на нафтата се зголемија за речиси 15 проценти оваа година, откако минатата година паднаа за околу 20 проценти.
Фото Економија и бизнис